Слика. Бело платно. Бел предизвик што сака да го допре Совршенството. Можно ли е тоа? Талка и го бара одговорот - надежта крила му дава, сомнежот крила му одзема... Инспирација... Ќе се вивне ли во својата уметност наоѓајќи ја мерката во својата палета?

Човек во црвено
Раце. Тескобно скрстени во скутот на оној чијшто труд е сместен на маргините. Повреда. Сместен сепак во чистотата на заслужената починка, го заокружува денот... 
icon
ArtWork
Лулашка
Пред темен фон, со лесни потези, трепери осветлена возбудата на детенце што се лула. Но трепери и чувството: го луламе ли детенцето понекогаш во свет што не е за него? 
icon
ArtWork
Девојка со лисица
Не знае дека окоу вратот носи згаснат живот... Околу неа кружи целата мака на лисицата... И крикот останал.
icon
ArtWork
Мајмун и јаболко
Мудрување без мудрост - можеби околу првиот грев, можеби околу љубовта... Но без љубов, мудроста ја нема; останува само надменоста.
icon
ArtWork
Момче со јаболко
Ја има во монографијата на Скопје од 1976 година. Неочекувано, од загризаното јаболко црв излегува - како прво разочарување на едно момче кое го вкусува животот... Првиот грев, она што како девојка се обликува од ситна песок... Во песокта потонати, уште гризнати јаболка има...
icon
ArtWork
Наслушување
Метафизика во просторот од хоризонтот на потсвеста. Сказалки во детски пантолончиња како сеќавање на детството. Да наслушне - можеби оттаму нешто убаво и важно за душата има да се чуе... Па здивот од драги спомени и јаболкото го позема нагоре.
icon
ArtWork
Постела
Перница и кревет. Под главата на оној што сака да се одмори, темниот дел на потсвеста лежи. Како психолошко распетие во него крст се наѕира. Кон него погледот го насочува еден прамен како пукнатина. На белината на ѕидот, нешто бело, празното уште попразно да биде. Будење. Можеби е интуитивно обраќањето кон божественото за да се прифати денот... И уметноста е интуитивна.
icon
ArtWork
Распетие
Техниката и технологијата се сметаат за прогрес на човештвото, но всушност се претвориле во распетие и ропство. Бетон со арматура над глава. Но, слепи сме за тоа, слепото око не гледа дека пакоста уништува, разорува... Над сето тоа, како сведок, окото малку се издигнало. Кошулата како симбол на она што не' тишти, а ракавот ветер го кренал и како крената рака погледот го насочува: што си правиме сами на себе? Што и' правиме на планетава Земја? Во далечина - бескрај, хоризонт и планинчиња. Метафизичка светлина од височините далеку над Земјата - како повик кон божественото за спас од нас самите. Човекот заробен, наместо да си олесни со она што го смета за прогрес, паѓа во нова замка и се распнува меѓу доброто и злото.
icon
ArtWork
Сончев патник
„Штом е срце, мора да боли!“ - детска асоцијација за срцевидно шнајдерско перниче за игли. Во хипизмот се` е во име на љубовта; човекот трага по неа, по сонцето како симбол на љубовта што грее однатре. Птица и парче небо. Нурнала птицата во синилото. Сино.
icon
ArtWork
Старец и време
Исчезнало се` околу него... Во рацете хоризонт, часовникот заоѓа. Времето заоѓа во неговите раце. Близу е до (к)рајот.
icon
ArtWork
Утро
Штотуку испилено птиче, огромно како изгрејсонце... Будење. Млада, можеби бремена, обвиткана во нежност и благост во здравица со утрото што се буди...
icon
ArtWork
Визија
Во надреалното ја има реалноста на сонот... Во тивок, мирен песочен предел кој го навестува морето во далечината, таа во потрага по својот лик... Водичка со мали бранчиња, чиста, бистра... Со благост, во тишината го наоѓа својот мир.
icon
ArtWork
Вознемирен коњ
Сила заробена и во простор и во време.
icon
ArtWork
Заклан вол
Изведено од „Закланото теле“, инспирирано од „Крајпатни знаци“ од Иво Андриќ. Револуција. За човекот - ветена слобода, за телето - сено. Во пресрет на ветеното, со верба и надеж, без да знае во кланица го носат. Војна. Уште невкусено, од сеното само ножот крвав ќе се избрише.
icon
ArtWork
Бела опсесија
Слика. Бело платно. Бел предизвик што сака да го допре Совршенството. Можно ли е тоа? Талка и го бара одговорот - надежта крила му дава, сомнежот крила му одзема... Инспирација... Ќе се вивне ли во својата уметност наоѓајќи ја мерката во својата палета?
icon
ArtWork
Белата завеса
Чистотата во себе ја носи. Сака да ја зачува. Надвор или во себе гледа? Повреда, страв има? Ќе ја повлече ли завесата се` во бело да се обвие, или во надеж ќе ја отвори денот да ја огрее?
icon
ArtWork
Белиот коњ
Белото платно од распетието на современиот човек, минливоста во брз коњ го претвора, од распетието човекот го симнува. Кругот на животот на Земјата се завршува... каде потоа?
icon
ArtWork
Белиот пес
За учеството со „Белиот пес“ на изложбата „Рефлексии на надреализмот во повоеното југословенско сликарство“ - Задар, 1980, X Плави салон, во списанието „Политика“ има критика со наслов „Тужне очи белог пса“. Ова дело се наоѓа во просториите на МВР. Пакосните и нечесните го повредиле, но неговата чистота и кроткост го издигнуваат горе... А семето на добрината го посеал. Во композицијата белиот пес е долу, а оние што се горе на платното - долу се во перспективата - тој, како на еден свој астероид, заштитен, лебди над оние што го повредуваат и не ни забележуваат дека семето на добрината ќе никне.
icon
ArtWork
Кројач
Какво дело е белината, чистотата да се уништуваат и сечат со остро сечило нагоре, со лага дека подобро е така?Поубаво стои - вели оној што решил туѓи денови да крои. Врз неговиот лик, намера и став, духовит сликарски потез лежи: Види! - зад ветеното војна тежи... Оние што со сечило кон белина се стремат, поглед дур не измијат, нека одмораат, нека дремат! За лицемерие што чистото сака да го крои и дели - мајмунисување се вели...
icon
ArtWork
Лажни ореоли
Лажните светци со лажни солзи и порив да се зграпчи, можат ли да го симнат оној кој е чист и чистотата го држи горе?
icon
ArtWork
Мајка со дете
По капење. Вo чистата и безусловна љубов, мајката и детето стремат нагоре.
icon
ArtWork
Мртва природа со риба
Можеш ли со лесен чекор да минеш низ простор полн со едноставни скапоцености, ништо да не нарушиш, повредиш, изместиш? Јајцето да не се стркала, тапата да не излета, прозорецот да не се затвори... 
icon
ArtWork
Напуштен
Некој драг лик веќе не е тука и неговата слика на ѕидот ја нема. И фиоката со спомени е празна. Отсуство. Осаменост. Сеќавање.
icon
ArtWork
Простување
Две третини сенка ја истакнуваат како главен протагонист едната третина светлина. Во неа - блесок на лицата во покајание и простување. 
icon
ArtWork
Распетие во ентериер
Ние самите сме ентериер на една содржина во себе. Во себе распнати, гледаме кон светлината - исчекуваме? Копнееме? 
icon
ArtWork
Вo исчекување
Низ темно небо се пробива сонце и ја осветлува неа. Погледот - насочен кон едрилицата во далечината на отворено море. 
icon
ArtWork

Следете не