Art intro
Сликарството на Благоја Николовски
МАСЛО
Сликарството на Благоја Николовски
ПАСТЕЛ
Сликарството на Благоја Николовски
ЦРТЕЖ
Сликарството на Благоја Николовски


Уметноста е плод на способноста да се изразат најсуптилните нешта во животот. Талентот е дар и средство на Природата во човекот; да се искаже себеси преку форма, боја, тон, збор... со цел да нѐ запре во мигот на нашето забрзано живеење, да нѐ воведе во тишината на случувањата, да нѐ потсети на убавината на живеењето, да нѐ опомене и научи, да нѐ разбуди во нашето најдлабоко постоење, кое е извор на љубовта, мудроста, добрината, разбирањето...


Добредојдовте на веб-страницата за сликарството на уметникот Благоја Николовски.
Во оваа продажна веб-галерија можете да купите канвас принтови од изложените слики.


Секој принт е:
- изработен на високо квалитетно (Canvas) платно со густина од 350g/m2;
- третиран со анти УВ лак кој гарантира долготрајност и стабилност на боите;
- поставен на расклоплива рамка*;
- спакуван во картонска туба која гарантира безбеден и сигурен транспорт;
- спремен за на ѕид.

*иновативната расклоплива рамка се користи поради две причини:
- еколошки - значително се редуцира габаритот и материјалот за пакување (кој најчесто завршува во отпад); и
- нема трошоци за поштарина (за испорака во Македонија).

големина

димензија*

MKD

S (мала)

30cm (12in)

1500 ден

M (средна)

50cm (20in)

2100 ден

L (голема)

75cm (30in)

3000 ден

*димензијата се однесува на подолгата страна на принтот

Со кликнување на линкот КУПИ (под соодветната слика во галеријата), ќе бидете пренасочени на страница со безбедна конекција каде ќе можете да ја комплетирате вашата нарачка.

Ако имате прашања или нарачка вон стандардната понуда, ве молиме пишете ни преку контакт формата.

Уживајте во магијата.

Следете не